Нов проект: EPYC – Enhancing Peace through Youth Creativity
Со гордост ве информираме дека единаесеттото издание на Џифони Македонија ќе биде збогатено со сосема нов сегмент, наречен ЕПИК!
Проектот за промоција на мирот преку креативност кај младите (EPYC – Enhancing Peace through Youth Creativity) е поддржан од италијанското Министерство за надворешни работи и меѓународна соработка во рамките на Повикот за Балканскиот регион 2022.
Главните цели на проктот EPYC се:
- Да се промовираат вредностите на интрарегионална интеграција, мир и помирување и човекови права преку филм и креативно изразување;
- Да се поттикнат младите филмаџии од Западен Балкан и пошироко да создаваат филмови за младата публика кои промовираат мир и помирување, регионална интеграција и демократија, европски вредности и човекови права;
- Да им се овозможи на младите од Регионор да запознаат и да разменат искуства со претставници од креативните дејности и институциите на тема колку е важно да се користат филмот и другите уметности во едукацијата на младите како и за ширење на пораки за мир и ненасилство.
Следете нѐ: Нови ЕПИК содржини ќе бидат објавени наскоро!