Почетна

Џифони Mакедонија 2023

Благодариме што бевте дел од нашата приказна и оваа година

Единаесеттото издание на Џифони македонија ќе се одвива во Скопје, од 5ти до 10ти октомври 2023 година.

Шест дена исполнети со филмови, дискусии, работилници, средби и мастеркласови. Се предвидува учество на над 500 млади од 12 земји.

Фестивалот ќе се одвива на добро познатите локации: Кино Милениум, Младински Културен центар и Конотеката на Македонија.

Филмови

Дозајте повеќе за филмовите

Работилници

Дозајте повеќе за работилниците

Дискусии и мастерклас

Дозајте повеќе за дискусиите со гости и други настани

COMING SOON!

Time left untill the Opening ceremony:

0
Day
0
Hour
0
Minute
0
Second

ЕПИК

Дозајте повеќе за ЕПИК проектот


Единасетто издание на Џифони Македонија: 5-10 октомври 2023
30/08/2023
Филмскиот фестивал за млади „Џифони Македонија“ го најавува своето единасетто издание и објавува повик за пријавување на учесници и волонтери. Единаесеттото издание на Филмскиот Фестивал за млади „Џифони Македонија“ ќе се одржи од 5-ти до 10-ти октомври 2023г. на неколку локации во Скопје, претежно во Младинскиот Културен Центар, Кинотеката на Северна Македонија и Кино Милениум. Програмата […]
Македонската делегација на 53. издание на Џифони Италија
25/07/2023
Од 20 до 29 јули во Џифони Вале Пјана во Италија се одржува 53-то издание на Филмскиот фестивал Џифони, најголемиот филмски фестивал за деца во светот. Меѓу 6500 учесници од триесетина земји, Македонија повторно е застапена со најбројна делегација: десет претставници на возраст од 14 до 19 години, избрани меѓу најактивните учесници на последното издание […]
Нов блог за млади писатели и креатори на содржини: THE EPYC BLOG
01/06/2023
Во рамките на проектот EPYC - Enhancing peace through Youth Creativity, на новата веб-страница epyc.giffoni.mk објавен е новиот блог посветен на младите: The EPYC Blog – Your Space е место каде што сите млади учесници и пријатели на Џифони Македонија можат да ги споделат своите размислувања за тоа како уметноста и филмовите имаат моќ да […]
Италија, доаѓаме!
15/05/2023
Италија, доаѓаме! 53-тото издание на Филмскиот фестивал Џифони ќе се одржи од 20 до 29 јули. Како и секоја година, 10 џифонци од Македонија ќе бидат дел од меѓународното жири во трите возрасни групи: 13+, 16+ и 18+. На свеченото затворање на десеттото издание на Џифони Македонија беа објавени имињата на првите два члена на […]
Отворен е новиот повик за кратки филмови: EPYC Short Film Award
21/03/2023
Отворен е новиот конкурс за краток филм (игран, документарен, анимиран).Првото издание на EPYC Short Film Awards ќе се одржи во Октомври 2023, како дел од единаесеттото издание на филмскиот фестивал за млади Џифони Македонија.Конкурсот за краток филм The EPYC Short Film Awards има за цел да ги поттикне професионалните филмски работници и аматерите, особено младите […]
Нов проект: EPYC – Enhancing Peace through Youth Creativity
21/03/2023
Со гордост ве информираме дека единаесеттото издание на Џифони Македонија ќе биде збогатено со сосема нов сегмент, наречен ЕПИК! Проектот за промоција на мирот преку креативност кај младите (EPYC – Enhancing Peace through Youth Creativity) е поддржан од италијанското Министерство за надворешни работи и меѓународна соработка во рамките на Повикот за Балканскиот регион 2022. Главните […]

Giffoni Film Festival

53. издание

20-29 јули 2023

Фестивалот

53. издание на Филмскиот фестивал Џифони се одржа во Џифони Вале Пјана, Италија, од 20 до 29 јули 2023 година. Жирито беше составено од 6500 деца и млади од цела Италија и 35 други земји, поделени во 6 возрасни групи ( +3, +6, +10, +13, +16, +18 плус категоријата impact).

За време на десетдневната манифестација, со младите учесници се сретнаа 420 гости на фестивалот (актери, режисери, уметници, претставници на културни, научни и политички и институции, новинари). Над 70.000 луѓе присуствуваа на концертите што се одржуваа секоја вечер на главниот градски плоштад.

Македонските претставници на Џифони Италија

Македонската делегација беше составена од 10 млади избрани меѓу најактивните учесници на последното издание на Џифони Македонија: Тео, Дамјан, Лина, Бојана, Чејс, Летициа, Бисера, Калина, Јован и Максим. Тие учествуваа на сите активности и беа гости во семејствата на нивни врсници од Италија..

Наслов и дизајн на 53. издание

Темата на 53-тото издание беше „Indispensabili“ (неопходни), при што за неопходни се сметаат сите оние нешта што го прават овој свет подобро место за живеење: тргнувајќи од младите луѓе кои се неопходни за иднината на светот, преку емоциите, сетилата, но и одговорноста и одржливоста. Автор на концептот е италијанскиот писател Ере Де Лука, а дизајнор го реализираше Уметничкиот директор на Џифони Експириенс, Лука Аполито.