Единаесеттото издание на Џифони македонија ќе се одвива во Скопје, од 5ти до 10ти октомври 2023 година.
Шест дена исполнети со филмови, дискусии, работилници, средби и мастеркласови. Се предвидува учество на над 500 млади од 12 земји.
Фестивалот ќе се одвива на добро познатите локации: Кино Милениум, Младински Културен центар и Конотеката на Македонија.
Ако си средношколец или ученик од VI до IX одделение во основно училиште во Македонија, планираш да престоуваш во Скопје во периодот од 5ти до 10ти октомври, сакаш да гледаш филмови, да стекнуваш нови знаења и вештини, да се забавуваш и да запознаеш нови пријатели, пријави се да бидеш дел од меѓународното жири на Џифони Македонија! ПРИЈАВИ СЕ ТУКА!
Ако си завршил средно образование, си бил дел од претходните изданија на Џифони Македониа како учесник или како волонтер, планираш да престојуваш во Скопје во периодот од 5ти до 10ти октомври, имаш желба да дадеш твој придонес за организацијата на фестивалот и воедно да се забавуваш, можеш да се пријавиш за волонтер!
ПРИЈАВИ СЕ ТУКА!






Giffoni Film Festival
53. издание
20-29 јули 2023
Фестивалот
53. издание на Филмскиот фестивал Џифони се одржа во Џифони Вале Пјана, Италија, од 20 до 29 јули 2023 година. Жирито беше составено од 6500 деца и млади од цела Италија и 35 други земји, поделени во 6 возрасни групи ( +3, +6, +10, +13, +16, +18 плус категоријата impact).
За време на десетдневната манифестација, со младите учесници се сретнаа 420 гости на фестивалот (актери, режисери, уметници, претставници на културни, научни и политички и институции, новинари). Над 70.000 луѓе присуствуваа на концертите што се одржуваа секоја вечер на главниот градски плоштад.
Македонските претставници на Џифони Италија
Македонската делегација беше составена од 10 млади избрани меѓу најактивните учесници на последното издание на Џифони Македонија: Тео, Дамјан, Лина, Бојана, Чејс, Летициа, Бисера, Калина, Јован и Максим. Тие учествуваа на сите активности и беа гости во семејствата на нивни врсници од Италија..
Наслов и дизајн на 53. издание
Темата на 53-тото издание беше „Indispensabili“ (неопходни), при што за неопходни се сметаат сите оние нешта што го прават овој свет подобро место за живеење: тргнувајќи од младите луѓе кои се неопходни за иднината на светот, преку емоциите, сетилата, но и одговорноста и одржливоста. Автор на концептот е италијанскиот писател Ере Де Лука, а дизајнор го реализираше Уметничкиот директор на Џифони Експириенс, Лука Аполито.