Политика за заштитување

Safeguarding policy

English version

Политика за заштитување

Македонска верзија

Фестивалот смета дека секогаш е неприфатливо дете или млад човек да доживее злоупотреба од секаков вид и ја препознава својата одговорност да ја заштити благосостојбата на сите деца и млади луѓе, со посветеност на практиката која ги штити.


Ние декларираме дека:

  • благосостојбата на детето/младото лице е најважна
  • сите деца, без разлика на возраста, попреченоста, полот, расното наследство, религиозните верувања, сексуалната ориентација или идентитет, имаат право на еднаква заштита од секаков вид на штета или злоупотреба
  • работењето во партнерство со децата, младите, нивните родители, старателите и други агенции е од суштинско значење за промовирање на благосостојбата на младите луѓе.


Целта на политиката за заштување:

  • Да се ​​обезбеди заштита за децата и младите и возраснте кои во било које својство учествуваат на филмскиот фестивал Џифони Македонија .
  • Да им се обезбеди на персоналот и на волонтерите насоки за процедурите што треба да ги усвојат во случај да се сомневаат дека детето или младото лице може да доживее или да биде изложено на опасност.


Оваа политика се однесува на сите кои се вклучени во Фестивалот, вклучувајќи го персоналот, волонтерите и привремено ангажираните лица, студентите или сите кои работат во име на Младинскиот филмски фестивал „Џифони Македонија“ кои треба да ги прочитаат долунаведените документи.

Политика за заштитување

Здружението за медиумска писменост ПЛАНЕТ-М, Скопје го имплементира

Младинскиот филмски фестивал „Џифони Македонија“ и EDU CUTS проектот.

 

Филмскиот фестивал за млади “Џифони Македонија” и ЕДУ КУТС како дел од овогодинешното издание обезбедуваат безбеден простор и културна средина за сите учесници. Фестивалот не толерира никакво недолично и штетно однесување или експлоатација кон неговите учесници, членови на персоналот и други претставници.

 

Политиката за заштитување на младите промовира културна средина и заштита од недолично и несовесно однесување, обезбедувајќи пријатна атмосфера на инклузија и меѓусебна почит.

Цели:

  • Да се обезбеди безбеден простор и безбедно опкружување за сите учесници
  • Да се ​​осигура дека сите учесници се запознаени со Политиката за заштување на учесниците на фестивалот
  • Да се спречи било каква злоупотреба или малтретирање и да се примени Политиката за заштување
  • Да се обезбеди благосостојба на сите учесници

 

Главна цел:

Сите вработени, волонтери, соработници и сите оние кои учествуваат на младинскиот филмски фестивал “Џифони

Македонија”, се задолжени да се придржуваат според оваа Политика за заштитување.

Позиции и обврски:

Одговорно лице на програмата:

  • Да ​​обезбеди спроведување на Политиката за заштување на учесниците и нејзин тековен преглед.
  • Да назначи одговорно лице на Политиката за заштување на млади
  • Да им помогне на коорднаторите на младинскиот филмски фестивал за млади “Џифони Македонија” во справувањето на инциденти произлезени со прекршување на Кодексот на однесување, преку надзор и поддршка.
  • Да утврди дека сите информации се заштитени по протокол и дека истите нема да бидат несоодветно објавени.

Координатори на програмата:

  • Да се уверат дека волонтерите и вработените добиле обука за Политика за заштитување на учесниците и се свесни за нивните улоги.
  • Да комуницираат, како што налага ситуацијата, со одговорните служби, полиција и органите должни за заштување на деца.
  • Да водат темелна евиденција за сите проблеми и преземени чекори во однос на Политиката за заштување на учесниците.
  • Да понудат помош и насоки на волонтерите и вработените кои се занимаваат со прашања поврзани со Политиката за заштување на учесниците. 

 

Волонтери и останат персонал:

  • Во текот на целиот настан, тие добиваат обуки за безбедносни мерки, како и потсетници за истите.
  • Да бидат внимателни и да покренат иницијатива кога ќе се јави било каков проблем.
  • Брзо да пријават било какви грижи кои се поврзани со безбедноста на учесниците кај одговорното лице
  • Со следење на Кодексот на однесување, да обезбедат мирна и безбедна средина за сите присутни.

Постапки на Политиката за заштување на учесниците

Вработување и информации:

  • Сите вработени и волонтери ги следи сеопфатен процес на вработување, кој вклучува барање препораки од поранешни работодавци или координатори на волонтери, како и проверка на позадината (како што се проверки на криминално досие).
  • Интервјуата се дел од процесот на вработување, за да се разгледа посветеноста на кандидатите и разбирањето на Политиката за заштување на учесниците.
  • Сите нововработени ќе добијат темелна обука за Политиката за заштување на учесниците, која ги опфаќа Кодексот на однесување, процедурите за пријавување на инцидент и препознавање на знаци на малтретирање и злоупотреба.

Кодекс на однесување:

  • Со цел да се создаде безбедна атмосфера, од членовите на персоналот и од волонтерите се бара да се придржуваат до Кодексот на однесување, кој го поставува предвиденото и професионалнoтo однесување.
  • Кодексот на однесување содржи правила за културна комуникација, физичка интеракција, како и користење технологија и социјални медиуми.
  • Секое несоодветно однесување, вклучително и физичка/ емоционална/ сексуална злоупотреба, е неприфатливо и може да произлезе со дисциплинска постапка, која може да вклучи суспензија, губење на работа или волонтерска позиција.
  • На сите учесници, вработени и волонтери ќе им биде објаснето што е Кодексот на однесување и колку е важно да го следат.

 

Пријавување на проблем:

  • Доколку сте загрижени за некој учесник, веднаш пријавете (ја случката) кај одговорното лице на Политиката за заштување на учесниците, Мартин Деспотовски, по телефон (исто така и на апликациите Viber/Whatsapp), преку е-пошта или лично. Информациите за контакт на Мартин можете да ги најдете подолу.
  • Вработените и волонтерите кои се загрижени за учесник, или сведочеле инцидент, треба да запишат што точно се случило, кој се бил вмешан и какви мерки биле преземени. Потоа го испраќаат овој извештај кај одговорното лице.
  • Младинскиот филмскиот фестивал “Џифони Македонија” и ПЛАНЕТ-М ќе го проценат проблемот, ќе изберат најдобар начин на дејствување и  доколку е потребно, ќе стапат во контакт со надворешни органи како што се полицијата или службите за заштита на децата.
  • Информациите ќе се споделуваат само доколку ситуацијата го бара тоа, со цел да се заштити благосостојбата на учесникот. Во текот на целиот процес, информациите ќе останат заштитени.

МАРТИН ДЕСПОТОВСКИ (одговорно лице):

Телефонски број: +38970367858

(исто така и на Viber/Whatsapp)

Е-маил: m.despotovski99@gmail.com

Реагирање на пријави:

  • Членовите на персоналот и волонтерите се обврзани внимателно и без прекинување да ги слушаат пријавите на малтретирање или злоупотреба на учесниците, без да осудуваат или да изразат недоверба.
  • Погрижете се учесниците да се чувствуваат поддржани и известете ги какви мерки биле преземени потоа.
  • Водете прецизен извештај на пријавата, користејќи ги точните зборови на учесникот. Потоа веднаш пријавете кај одговорното лице.
  • Уверете ја личноста дека пријавувањето на случајот е правилната одлука и покажете поддршка.

 

Доверливост:

  • Учесниците ќе бидат известени за Политиката на приватност на фестивалот и за начинот на кој ќе се користат нивните информации.
  • Сите поплаки и пријави во склоп на Политиката за заштување на учесниците ќе бидат третирани на доверлив начин. Информациите ќе бидат споделени само со одговорните лица, со цел да би можеле да преземат соодветни мерки.
  • Документите кои се однесуваат на Политиката за заштување на учесниците ќе се чуваат безбедно и до нив ќе имаат пристап само овластените членови на Филмскиот фестивал за млади “Џифони Македонија” или овластен персонал на ПЛАНЕТ-М.

Следење и преглед на пријави:

  • Назначениот персонал од ПЛАНЕТ-М и Младинскиот филмски фестивал „Џифони Македонија“ ќе внимава на тоа како се применува Политиката за заштување на учесниците и зависно од тоа ќе ги направи сите неопходни промени.
  • Политиката за заштување на учесниците ќе се прегледува редовно, по големи промени во структурата на програмата, законите, или доколку се случи голем инцидент кој ја нарушува политиката.
Кодекс на однесување

 Филмскиот фестивал за млади “Џифони Македонија” и ЕДУ КУТС како дел од овогодинешното издание на обезбедуваат безбеден простор и културна средина за сите учесници. Фестивалот не толерира никакво недолично и штетно однесување или експлоатација кон неговите учесници, членови на персоналот и други претставници.


Кодексот на однесување промовира културна средина и заштита од недолично и несовесно однесување, обезбедувајќи пријатна атмосфера на инклузија и меѓусебна почит.

 

Опсег:

Кодексот на однесување ги претставува насоките за очекувано и неприфатливо однесување. Тој се однесува на сите членови на персоналот, волонтери, учесници и гости на фестивалот, со цел секогаш да имаме безбедна и културна средина.

 

Општи принципи:

  • Секогаш давајте приоритет на безбедноста и благосостојбата на сите учесници.
  • Обраќајте се на другите со почит и достоинство. Вреднувајте го личниот карактер на другите, како и нивната

културна различност.

  • Избегнувјте какво било однесување кое може да биде погрешно сфатено или погрешно протолкувано како несоодветно

или навредливо, со тоа што секогаш ќе одржувате професионален однос.

 

Какво однесување се очекува?

  • Културно обраќање
  • Обраќање на другите учесници и персонал на јасен, професионален начин.
  • Употреба на културна форма на говорење, држејќи се подалеку од малтретирање, дискриминација и други форми на

вербална навреда.

 

Почитување на личен простор

  • Прашајте за согласност пред да се вклучите во каков било вид физички контакт.
  • Доколку е неопходно да стапите во физички контакт, без согласност, уверете се дека тој контакт е соодветен и со почит, Потоа, задолжително објаснете му сè на учесникот.
  • Сепак, обидете се да избегнете каков било непотребен контакт и секогаш почитувајте го личниот простор.

  

Комуницирајте со почит

  • Освен културното обраќање, се очекува било кој вид на комуникација да се изврши на истиот начин.
  • Се очекува, исто така и користење на соодветен, културен и професионален говор при разговор на телефон, мејл итн.

 

Почитување на лични информации

  • Погрижете се да не ги споделувате личните информации на учесниците, како и вашите, избегнувајќи ризик од

експлоатација.

  • Користете ги социјалните мрежи внимателно, прашајте пред да објавите слика од некого. Немојте да објавувате

без дозвола.

  • Недоличното однедување онлајн, е исто толку недолично како и она во живо.

 

Погрижете се да не ги споделувате личните информации на учесниците, како и вашите, избегнувајќи ризик од експлоатација?


Злоупотреба

  • Секоја форма на малтретирање или вознемирување не е прифатлива (физичко/емоционално/сексуално).
  • Било каква форма на дискриминација или расизам, никако не се толерира.
  • Физичко вознемирување или напад е строго забрането.
  • Веднаш пријавете го секој вид на злоупотреба или вознемирување, или знаци на злоупотреба или вознемирување на

одговорното лице.

 

Злоупотреба на супстанции

  • Злоупотребата на супстанции од секаков вид за време на фестивалот е строго забранета (алкохол, дрога итн.) 
  • Строго забрането е конзумирање на алкохол и особено е забрането конзумирање на алкохол од страна на малолетни

лица.


Несоодветни односи

  • Секогаш одржувајте професионални односи со сите учесници. Одржувањето романтична или сексуална врска со учесник е строго забрането.

 

Каде можам да пријавам несоодветно однесување?

  • Доколку сте загрижени за благосостојбата на учесникот и/или сте забележале несоодветно однесување од страна на член на персоналот, волонтер или друг учесник, можете да го контактирате Мартин Деспотовски во секое време, кој е одговорен за Политиката за заштита на младите. Филмскиот фестивал „Џифони Македонија“ ќе преземе дејствија што може да резултираат со суспензија, дисциплинска или правна постапка, доколку е потребно.

 

Можете да пријавите кај Мартин Деспотовски, одговорен за безбедност

на следниот телефонски број:

+38970367858 (исто така на Viber/Whatsapp)

или преку е-маил: m.despotovski99@gmail.com

 

Доверливост:

  • Сите поплаки и пријави во склоп на Политиката за заштита на младите ќе бидат третирани на доверлив начин. Информациите ќе бидат споделени само со одговорните лица, со цел да би можеле да преземат соодветни мерки.
  • Документите кои се однесуваат на Политиката за заштитата на младите ќе се чуваат безбедно и до нив ќе имаат пристап само овластените членови на Филмскиот фестивал за млади “Џифони Македонија” или овластен персонал на ПЛАНЕТ-М.


Преземање на мерки:

  • Прекршувањето на Кодексот на однесување може да резултира со суспензија, отстранување на позиција или правна постапка доколку е потребно. ПЛАНЕТ-М и Младинскиот филмски фестивал „Џифони Македонија“ нема да се двоумат да преземат дисциплински мерки.

 

ПЛАНЕТ-М се залага за безбедносни мерки на сите учесници, како и позитивна средина и атмосфера.

 

Сите вработени, волонтери и учесници мора да потврдат дека го прочитале, го разбрале и се согласуваат да се придржуваат до овој Кодекс на однесување. Сите информации ќе бидат обезбедени за да се постигне постојана свесност и усогласеност. Со почитување на овој Кодекс на однесување, Младинскиот филмски фестивал „Џифони Македонија“ се обврзува да негува безбедна, културна и инклузивна средина каде што сите учесници можат да напредуваат.

Формулар за согласност за малолетен учесник

Родителот/старателот треба да го потпише овој Формулар за согласност за малолетен учесник и учесникот треба да го достави до фестивалот на бирото за регистрација.

Формулар за согласност на учесник

Секој учесник на возраст над 18 години мора да го потпише овој Формулар за согласност за учесник и да го достави до фестивалот на дескот за регистрација.