Единасетто издание на Џифони Македонија: 5-10 октомври 2023

Филмскиот фестивал за млади „Џифони Македонија“ го најавува своето единасетто издание и објавува повик за пријавување на учесници и волонтери.

Единаесеттото издание на Филмскиот Фестивал за млади „Џифони Македонија“ ќе се одржи од 5-ти до 10-ти октомври 2023г. на неколку локации во Скопје, претежно во Младинскиот Културен Центар, Кинотеката на Северна Македонија и Кино Милениум.

Програмата ќе трае шест дена. Над 500 ученици од основните и средните училишта од Македонија, како и од 10 до 12 други земји, ќе гледаат филмови, ќе дискутираат и разменуваат мислења, ќе стекнуваат креативни вештини, ќе се забавуваат.

Учеството на фестивалот е бесплатно. Можат да се пријават ученици од основните и средните училишта во Македонија и тоа:

 

  • Јуниори – од VI до IX одделение основно училиште
  • Кадети – I и II година средно училиште
  • Сениори – III и IV година средно училиште

 

Џифони Македонија е во потрага и по волонтери, ентузијасти (18+) кои би сакале да се приклучат на единаесеттото издание и да бидат дел од тимот на фестивалот.

Повикот за пријавување за учесници и волонтери на Фестивалот е достапен на следниот линк

Фестивалот Џифони Македонија е поддржан од Агенцијата за филм на Северна Македонија, Министерството за култура на Северна Македонија, Министерството за надворешни работи и меѓународна соработка на Италија, Министерството за култура на Италија, Амбасадата на Италија и Градот Скопје, како и од Младинскиот Културен центар и Кинотеката на Северна Македонија.


Share your love