СЕЛЕКТИРАЈ И ДОБИВАЈ СО ПАКОМАК И ЏИФОНИ МАКЕДОНИЈА

Оваа година во соработка со ПАКОМАК ги мотивираме сите учесници на фестивалот да започнат со користење на повратните вендинг машини за селектирање и рециклирање на пластични шишиња и лименки. 


Што може да добиете?

Двојно повеќе поени 

Сите учесници на фестивалот, за селектираните пластични шишиња и лименки до 15 октомври ќе добијат двојно повеќе поени. Поените ќе бидат удвоени после завршување на активацијата, односно после 15 октомври.

Секое шише и лименка носат по 1 „зелен поен“, но во моментов има промотивни акции со кои со селектирано пластично шише Кристал сончогледово масло и именки од производите на Прилепска Пиварница добивате по 5 „зелени поени“.

Сите собрани поени може да се користат за размена со вредносни ваучери кои може да се користат за пазарување во селектирани маркети.  

или

Патување на Филмскиот фестивал Џифони во Италија 2025

Оној редовен учесник на фестивалот кој до 15 Октомври ќе собере најмногу поени на Екомак апликацијата преку повратните вендинг машини ќе добие патување на Филмскиот фестивал Џифони во Италија 2025.

Оваа година во соработка со ПАКОМАК ги мотивираме сите учесници на фестивалот да започнат со користење на повратните вендинг машини за селектирање и рециклирање на пластични шишиња и лименки. 


Како да учествувате?

1. Инсталирајте ја Екомак апликацијата со емаилот со кој што сте регистрирани на фестивалот

https://pakomak.mk/Pages/Index/povratni_vending_masini?selectPage=instrukcii_za_upotreba

Апликацијата можете да ја преземете на Google Play и на App Store

или со скенирање на овој QR код.

2. Собраните пластични шишиња и лименки одложувајте ги во повратните вендинг машините користејќи ја апликацијата. Локациите на сите повратни вендинг машини може да ги најдете на следниот линк:

https://pakomak.mk/Pages/Index/povratni_vending_masini?selectPage=mapa_na_vending_masini

Share your love