Повик за учесници и волонтери за Џифони Македонија 2026

Отворен е повикот за пријавување на учесници за 14-тото издание на Џифони Македонија кој ќе се одржи од 24 до 29 септември.
Дали сте спремни за шест дена полни со многу забава, филмови, разговори, работилници, дружење со нови лица и создавање на нови пријателства .... безброј убави моменти што се случуваат само кога на едно место ќе се соберат млади кои го сакаат филмот. ![]()
![]()
Резервирај го своето место веднаш:
Јуниори (VI, VII, VII и XI одделение) https://forms.gle/cJ6knssYrA6eSBSo8
Кадети (I и II година средно) https://forms.gle/w1jP4HwGUNouvG9T7
Сениори (III и IV година средно) https://forms.gle/a5yPZtf1QCmuYt3s7
Без разлика дали веќе знаеш сè за филм или едноставно сакаш да откриеш нешто ново
- Џифони е место каде што можеш да гледаш, споделуваш, дискутираш, создаваш и, најважно, да бидеш свој. ![]()
![]()
Пријавите се отворени до 15 септември 2026 или до пополнување на достапните места.
Се гледаме на Џифони!![]()
Џифони волонтери
Зад фестивалската магија секогаш стојат нашите волонтери.
Доколку имаш над 18 години и сакаш да бидеш дел од организацијата
и одблиску да ја почувствуваш атмосферата на фестивалот – пријави се како волонтер.
Рокот за пријавување е 10 септември 2025, а бројот на места е ограничен.
Биди дел од фестивалската магија на Џифони Македонија!![]()
Следете нѐ на Instagram, Facebook и TikTok за сите новости и бидете дел од искуството што трае цел живот.
