Повик за учесници и волонтери за Џифони Македонија 2025

Од 26 септември до 1 октомври, Скопје повторно ќе биде домаќин на 13-тото издание на Филмскиот фестивал Џифони Македонија. Како и секогаш, фестивалот носи незаборавна атмосфера исполнета со филмови, работилници, дружење и инспиративни средби.


Џифонци – членови на меѓународното жири

Секое издание на фестивалот ги обединува младите љубители на филмот кои стануваат дел од уникатното Џифони искуство. Пријавувањето е отворено за ученици од основно и средно образование, поделени во три возрасни категории:


  • Јуниори – ученици од VI до IX одделение
  • Кадети – ученици од I и II година средно
  • Сениори – ученици од III и IV година средно


Пријавите се отворени до 15 септември 2025 или до пополнување на достапните места.

Џифони волонтери

Зад фестивалската магија секогаш стојат нашите волонтери. Доколку имаш над 18 години и сакаш да бидеш дел од организацијата и одблиску да ја почувствуваш атмосферата на фестивалот – пријави се како волонтер.

Рокот за пријавување е 15 септември 2025, а бројот на места е ограничен.


Следете нѐ на Instagram, Facebook и TikTok за сите новости и бидете дел од искуството што трае цел живот.