Инфо сесии за упис на Светските Обединети Колеџи (United World Colleges – UWC)

Нова можност за учениците од втора и трета година во средните училишта да аплицираат за двегодишно школување во Светските Обединети Колеџи (United World Colleges - UWC) – ланец на 18 средни училишта ширум светот.  

 

Доколку сакате да дознаете повеќе, посетете една од информативните сесии - секој викенд во октомври, во 17:00 на овој зум линк (лозинка: 2022). 

 

Што е UWC? 

UWC е ланец на 18 средни училишта ("колеџи") низ целиот свет, вклучувајќи во Италија, Канада, Норвешка, Кина, Индија, Сингапур и Танзанија (целосната листа на училишта можете да ја најдете тука.) Типичната генерација на еден од колеџите се состои од 100 ученици од 70+ различни држави.  

 

Што се учи на UWC? 

На секој од 18-те колеџи се учи двегодишната Меѓународна матура (на англиски, International Baccalaureate). Оваа диплома е меѓународно признаена и е достапна и во македонски средни училишта (како СУГС Јосип Броз Тито). Наставната програма се состои од шест групи на предмети од кои учениците бираат по еден: мајчин јазик, втор јазик, општествена наука, природна наука, математика и уметност. 

 

Колку чини образование на UWC? 

За образование на UWC се достапни целосни стипендии, базирани на потребите на семејствата на успешни кандидати.  

 

Колку ученици биле испратени на UWC во претходни години? 

Минатата година беа испратени 11 ученици од целата држава, а годината пред неа 10. Тука можете да најдете профили на сегашните ученици, а тука листа на матуранти од последните 20+ години. 

 

Што прават учениците по матурирање од UWC? 

По стекнување на дипломата од Меѓународната матура, најголемиот дел од учениците го продолжуваат своето образование во странство и заминуваат на студии на универзитети низ Европа и САД. 

 

Преглед на селекцискиот процес 

 

Кој може да аплицира за UWC? 

Средношколци во втора или трета година средно може да аплицираат.  

 

Како изгледа апликацијата? 

Апликацијата се состои од 7 кратки прашања и 2 есеи. Можете да ја најдете на овој линк

Рокот за аплицирање е 03 ноември (недела). 

 

Како изгледа остатокот на селекцискиот процес? 

По оценување на апликацијата, успешните кандидати се поканети на дополнителни интервјуа во живо (во текот на првата недела на јануари) и онлајн (на почетокот на февруари). 

 

Каде можам да се информирам повеќе? 

Одржуваме информативни сесии на Зум секоја недела до рокот за аплицирање. Тука можете да го најдете распоредот на инфо сесии годинава; сите од нив ќе бидат одржани на овој Зум линк (лозинка: 2022). Сите се добредојдени на инфо сесиите – средношколци, професори, родители и заинтересирани.  

 

Каде да научам повеќе за апликацијата? 

Заинтересираните кандидати може да најдат совети за аплицирање на веб страната на UWC Македонија.  

  

Повеќе информации околу процесот на аплицирање, образовниот модел или самите колеџи се достапни на www.mk.uwc.org, како и на профилите на Инстаграм и Фејсбук

Share your love