Повик за учесници и волонтери за Џифони Македонија 2026

Отворен е повикот за пријавување на учесници за 14-тото издание на Џифони Македонија кој ќе се одржи од 24 до 29 септември.


✨️Дали сте спремни за шест дена полни со многу забава, филмови, разговори, работилници, дружење со нови лица и создавање на нови пријателства .... безброј убави моменти што се случуваат само кога на едно место ќе се соберат млади кои го сакаат филмот. 🍿🫶

✨️Резервирај го своето место веднаш:

Јуниори (VI, VII, VII и XI одделение) https://forms.gle/cJ6knssYrA6eSBSo8

Кадети (I и II година средно) https://forms.gle/w1jP4HwGUNouvG9T7

Сениори (III и IV година средно) https://forms.gle/a5yPZtf1QCmuYt3s7

Без разлика дали веќе знаеш сè за филм или едноставно сакаш да откриеш нешто ново

- Џифони е место каде што можеш да гледаш, споделуваш, дискутираш, создаваш и, најважно, да бидеш свој. 🎥💫


Пријавите се отворени до 15 септември 2026 или до пополнување на достапните места.

Се гледаме на Џифони!🩷

Џифони волонтери

Зад фестивалската магија секогаш стојат нашите волонтери.

Доколку имаш над 18 години и сакаш да бидеш дел од организацијата

и одблиску да ја почувствуваш атмосферата на фестивалот – пријави се како волонтер.

Рокот за пријавување е 10 септември 2025, а бројот на места е ограничен.


Биди дел од фестивалската магија на Џифони Македонија!✨️

Следете нѐ на Instagram, Facebook и TikTok за сите новости и бидете дел од искуството што трае цел живот.