Нов блог за млади писатели и креатори на содржини: THE EPYC BLOG

Во рамките на проектот EPYC - Enhancing peace through Youth Creativity, на новата веб-страница epyc.giffoni.mk објавен е новиот блог посветен на младите: The EPYC Blog – Your Space е место каде што сите млади учесници и пријатели на Џифони Македонија можат да ги споделат своите размислувања за тоа како уметноста и филмовите имаат моќ да пренесат пораки за мир и хумани вредности.


Сите заинтересирани се поканети да испратат свој прилог за блогот, а тоа може да биде есеј, критика на филм, театарска претстава, книга или уметничко дело, статија со анализа на научни трудови или проекти кои ја третираат моќта на уметноста да пренесува пораки за мир, може да биде уметничко дело (слика, цртеж, фотографија, поезија, музика итн). Објавата на блогот може да биде и во форма на интервју, напишано или како видео прилог, подкаст и во која било друга форма.


ТУКА можете да ги прочитате објавените блог постови од блогот EPYC и испратите ваша статија.

Share your love