ЈУНИОРИ, КАДЕТИ И СЕНИОРИ
Оваа година сите активности ќе ги следиш онлајн, од сопствен компјутер, таблет или смартфон. Важно е да имаш пристап до интернет, а за дискусиите и за работилниците ќе треба да имаш и камера и микрофон.
Како и кога ќе ја следиш програмата?
Сите пријавени учесници се примени во жирито и веќе се регистрирани на нашата платформа. Прочитај ги детално сите упатства за да можеш лесно да се поврзеш со саканата содржина.
Како да знам во која категорија сум примен?
Распределен си според она што си го напишал во пријавата, и тоа:
Јуниори од 6. До 9. Одделение
Кадети 1. и 2. Година средно
Сениори 3. И 4. година средно
Каде да ја најдам програмата за мојата категорија?
Дали сите содржини ќе ги следам на ист начин?
Не, филмовите ќе ги гледаш на стриминг, а дискусиите, мастеркласовите и работилниците ќе ги следиш преку Zoom.
Сите линкови ќе ти бидат достапни на едно место.
Каде ќе ги гледам филмовите?
На нашата нова дигитална платформа Youth.mk
Како да се најавам на новата платформа YOUTH.MK?
Прво што треба да направиш е да се најавиш на платформата:

Ти си веќе регистриран, затоа оди директно на sign in

Твоето корисничко име е е-маил адресата што ја внесе во пријавата.
Твојата лозинка е онаа што ти ја испративме по е-маил со назив ЛОЗИНКА ЗА YOUTH.MK
Откако ќе се најавиш, можеш да ја смениш лозинката и да ставиш нова која само ти ќе ја знаеш. Ова е важно, бидејќи ако некој друг се најави со твоето корисничко име, ти нема да можеш да го гледаш филмот. Кога ќе се најавиш со новата лозинка, зачувај ја во пребарувачот, за да останеш најавен за следните денови.
ФИЛМОВИ
Филмовите за Кадети и Сениори ќе се прикажуваат секој ден, од сабота 26/9 до среда 30/9 во 14:30
Филмовите за Јуниори ќе се прикажуваат секој ден, од сабота 26/9 до среда 30/9 во 11:30
Како можам да ги гледам филмовите на YOUTH.MK?
Филмовите ќе можат да се гледаат само во терминот определен во програмата. Ќе можеш да го гледаш само филмот кој е на програма за твојата категорија.


Ако си најавен на платформата, во точното време кликни на PLAY и филмот ќе почне.

Внимавај! Ако го пропуштиш филмот, нема да можеш да го гледаш подоцна.
ГЛАСАЊЕ
Опцијата за гласање ќе биде активна на платформата кадешто ќе го гледаш стримингот, а ќе можеш да гласаш само ако си го одгледал целиот филм.
Се гласа така што ќе го оцениш филмот со најмалку 1 а најмногу 5 ѕвезди.
ДИСКУСИИ
Дискусиите за Кадети и Сениори ќе се одвиваат секој ден, од сабота 26/9 до среда 30/9 веднаш по филмот или околу 16:00 часот, и ќе траат најмногу еден час.
Дискусиите за Јуниори ќе се одвиваат секој ден, од сабота 26/9 до среда 30/9 веднаш по филмот или околу 13:00 часот, и ќе траат најмногу еден час.
Дискусиите ќе се одвиваат преку ZOOM.
Никогаш досега не сум користел Zoom. Како да го инсталирам?
Доколку не ја познаваш платформата Zoom, ободо се да одвоиш малку време пред почетокот на фестивалот за да ја инсталираш и проучиш. Zoom може да се користи и без да ја инсталираш апликацијата, преку web browser. Сите упатства можеш да ги најдеш тука: https://zoom.us/download
Важно: провери дали имаш инсталирано Zoom на компјутерот кој ќе го користиш за дискусија. Доколку немаш, погрижи се да се подготвиш на време. Zoom може да се користи и без да ја инсталираш апликацијата, преку web browser. Сите упатства можеш да ги најдеш тука: https://zoom.us/download
Внимавај: При вклучувањето провери дали си најавен со твоето име и презиме. За да ти даде пристап на дискусијата, организаторот ќе мора да го најде твоето име во списокот на учесници. Доколку не си сигурен, направи пробно вклучување на Zoom пред почетокот на фестивалот и испробај ги сите елементи: камера, микрофон, звучници, име и презиме.
Секогаш вклучувај се со микрофон и камера. Од безбедносни причини учесниците кои немаат вклучено камера нема да можат да присуствуваат на дискусијата.
За време на дискусиите држи го микрофонот исклучен, а за да побараш збор употреби ја опцијата на Zoom со кревање рака, но не го вклучувај микрофонот додека не те повика модераторот.
Како да се вклучам на Zoom?
Зоом ќе се користи за дискусиите, за работилниците и за мастерклас средбите.
За време на фестивалот ќе бидат активни три виртуелни соби на ZOOM (Virtual Room 1, Virtual Room 2, Virtual Room3)
Во секоја од тие соби ќе се одвива различна програма. Затоа ќе биде важно да се вклучиш во точната соба.
Погледни го распоредот на собите и запамти ги твоите!
За да влезеш во виртуелната соба ќе ти биде потребен линк и лозинка.
Линковите за влез во собите се дадени во распоредот на собите.

Внимавај: Во зависност од верзијата на Zoom, можно е при најавата на Zoom да ти биде побаран ID бројот. Тоа е десетоцифрениот број кој е содржан во линкот.
Не заборавај да го внесеш твоето име и презиме пред влез на дискусија или работилница, во спротивно нема да можеш да учествуваш.

Потоа ќе треба да ја внесеш соодветната лозинка на Zoom виртуелната собата во која сакаш да пристапиш (организацијата на собите можеш да ја најдеш тука). Тие лозинки ќе се содржат на mail со име ЛОЗИНКА ЗА YOUTH.

Како да знам во која соба треба да се вклучам?
Распоредот на собите е ист за сите денови. Погледни го тука.
Кога треба да се вклучам во собата на Zoom?
За дискусија треба да се вклучиш веднаш по филмот. Биди трпелив, бидејќи модераторот ќе треба да ви даде одобрение за влез на сите, откако ќе го најде вашето име во списокот. Затоа може да се случи да бидеш „на чекање“ неколку минути.

За работилница треба да се вклучиш во собата 10-15 минути пред почетокот на работилницата, за да можете да започнете со работа на време.
РАБОТИЛНИЦИ
Кога и каде ќе се одвиваат работилниците?
Работилниците за јуниори ќе се одвиваат секој ден, од сабота 26/9 до среда 30/9 од 14:00 до 15:30.
Работилниците за Кадети и Сениори ќе се одвиваат секој ден, од сабота 26/9 до среда 30/9
Работилниците ќе се одвиваат преку Zoom.
Како да добијам пристап во мојата работилница?
Секоја работилница ќе се одвива во посебна виртуелна соба. На следниов линк можеш да најдеш распоред на работилниците и на виртуелните соби, кој секој ден ќе биде ист. Внимавај да не влезеш во погрешната работилница!
За да влезеш во виртуелната соба ќе ти биде потребен линк и лозинка.
Линковите за влез во собите се дадени во распоредот на собите.
Внимавај: Во зависност од верзијата на Zoom, можно е при најавата на Zoom да ти биде побаран ID бројот. Тоа е десетоцифрениот број кој е содржан во линкот.
Потоа ќе треба да ја внесеш лозинката која ќе ти ја испратиме на mail.
Секоја соба ја има истата лозинка за цело времетраење на фестивалот.
За користењето на Zoom важат истите правила што ги наведовме погоре.
(Види погоре)
МАСТЕРКЛАСОВИ И СРЕДБИ СО ПОЗНАТИ ЛИЧНОСТИ
Кога и каде ќе се одвиваат мастеркласовите?
Секој ден, од сабота 26/9 до вторник 29/9 на програмата имаме по две интересни гостувања, од 17 до 18 часот и од 18 до 19 часот.
За да учествувате ќе треба да се приклучите на ZOOM, а линкот за секој настан ќе го најдете кликнувајќи на програмата за Кадети и Сениори.
Брат ми не учествува на Џифони, а би сакал да ја гледа средбата со гостинот во 18 часот. Дали може да седи покрај мене додека сум приклучен на Zoom?
Средбите со гостите ќе бидат емитувани на стриминг, што значи дека секој што сака, а не е учесник на Џифони, ќе може да ги гледа средбите. Линкот за стриминг ќе биде објавен на веб страната, во распоредот за мастерклас.
Мојот гостин од странство не добил е-маил со лозинка. Ме прашува како да ги гледа филмовите?
Гостите од странство имаат посебно корисничко име и лозинка за гледање на филмовите. Не им се испратени на е-маил, туку треба да им ги дадат нивните координатори. Ако твојот гостин не ги добил информациите, пиши ни во обоената група на инстаграм, ќе ти ги дадеме информациите за да му ги пренесеш.