Сениори

Home / Сениори

Малото пристаниште

од Iveta Grófová(Словачка)

Времетраење: 95’

Синопсис
Приказната се заснова на вистински настани за двајца десетгодишници чија невина игра засекогаш ќе ги измени нивните животи. Јарка живее со својата мајка, која не е подготвена за родителската улога и водена од својата желба за живот исполнет со љубов и семејство решава за згрижи две напуштени бебиња-близнаци. Јарка се здружува со момчето Кристијан, и заедно си играат „семејство“ криејќи се од возрасните во една напуштена шупа. Затворени во својот свет на невиност, помеѓу нив се раѓа пријателство кое ќе трае цел живот.


Гарден Лејн

од Olof Spaak (Шведска)

Времетраење: 109’

Синопсис
Ерик и Елин се навраќаат на спомените на мрачното и магично лето кога се запознале, кога како деца на зависниците Линда и Питер, неколку бурни но прекрасни месеци се приморани да живеат заедно како семејство. Во моментот кога ќе ги разделат, двајцата се борат да преживеат. И да продолжат да живеат.


Чесен пионерски збор 3

од Aleksandr Karpilovskiy(Русија)

Времетраење: 113’

Синопсис
Последниот дел од носталгичната трилогија за другарите-пионери, соочени со своите први потешкотии и сериозни одлуки, младешка љубов и раснење, препреки, лојалност и пријателство. По завршувањето на училиштето, Димка и Мишка се запишуваат на московскиот универзитет. Ја следиме повторната средба со убавата Ленка – нивната младешка љубов, првиот рок концерт и новите авантури и животни лекции кои ги очекуваат.


Девојката на светот

од Claudio Giovannesi (Италија)

Времетраење: 110’

Синопсис
Кога Џулија го запознава Либеро, открива дека можеби ја чека поинаква судбина, и двајцата започнуваат интензивна врска. Поради својот избор, таа е исклучена од групата на јеховини сведоци на која што припаѓа.


AMOK

од Vardan Tozija (Македонија)

Duration: 100’

Синопсија
Низа свирепи околности претвораат тивко и повлечено момче во суров, бескомпромисен водач на група отфрлени штитеници од дом за деца без родители. Заедно, тие тргнуваат во слепа одмазда кон светот зад нивните ѕидови, што им нанел само болка и страдање. Светот во кој за нив, постои само едно, заедничко име – ЏГАН.