Кадети

Home / Кадети

Летото на Лејн 1974

од SJ Chiro (САД)

Времетраење: 97’

Синопсис
Филмот е адаптација на мемоарите на Клејн Хејвард „Хипокризијата на диско-ерата“, весела, мистериозна сага за тинејџерка која се обидува да преживее во една американска контракултура. Годината е 1974. Тринаесетгодишната Лејн живее во прекрасна комуна сместена во Северна Калифорнија, дива и безгрижна се додека нејзината бунтовна мајка не реши да ги изолира од сигурноста и безбедноста која ја нуди комуната. Така го започнуваат своето невообичаено патешествие, оставајќи го нормалниот живот зад себе.


На потешкиот начин

од Chad Chenouga (Франција)

Времетрање: 97’

Синопсис
Првиот ден на Насим во престижно париско училиште навидум изгледа безгрижно како секојдневието на неговите врсници. Никој не знае дека Насим ја изгубил својата мајка и вечерите ги поминува во прифатилиште за деца и млади. И покрај љубезноста на директорката на прифатилиштето, тој одбива секаков контакт со останатите деца, настојувајќи да балансира помеѓу двојниот живот кој го води, и кој го крие од останатите.


Добро момче

од Oksana Karas (Русија)

Времетраење: 95’

Синопсис
Шест необични денови од сосема обичниот живот на ученикот Колја Смирнов за време на кои се вљубува во својата професорка по англиски, ќерката на директорот се вљубува во него, а некој подметнува пожар на училишната зграда. Татко му решава да воведе нов распоред на спиење во семејството, што го остава збркан и без сон. За неколку дена започнува школската приредба, што ќе претставува збирно место за сите ликови од оваа комедија на човечки слабости и илузии, а момчето ќе добие време да се справи со своите проблеми, да го реши случајот со потпалувачот и да го подобри односот со своите родители. Но, наеднаш добива неочекувана понуда од директорот на училиштето…


Берење јагоди

од Wiktor Ericsson (Шведска)

Времетраење: 93’

Синопсис
Возбудлива приказна за младо момче од Полска кое патува во Шведска со своите родители за да бере јагоди но се вљубува во ќерката на фармерот и станува сведок на неправдите и предрасудите со кои се соочуваат работниците-мигранти.

 


Девојката лавица

од Vibeke Idsøe (Норвешка)

Времетраење: 120’

Синопсис
Адаптација на меѓународниот бестселер на Ерик Фоснес Хансен, сместена во периодот 1912-1937 година, ЖЕНА ЛАВИЦА е прекрасна епска приказна за Ева, жена чие тело е комплетно покриено со влакна. И покрај се, се чини дека успешно се справува со тешкотиите со кои секојдневно се соочува поради својот изглед. Нејзината невообичаена интелигенција ја води од малата железничка станица во големиот свет. Филмот е емоционално возбудлива и фасцинантна приказна по примерот на „Човекот слон“ и „Маска“.