Јуниори

Home / Јуниори

ROOM 213

од Emelie Lindblom (Шведска)

Времетраење: 82’

Синопсис
Крис има проблем во комуникацијата со другите луѓе и кога ќе го нападнат на улица на помош му притрчува Боби, енергичен, самохран татко. Двајцата лутаат низ Монтреал цела ноќ, одат на забави, се запознаваат со девојки и се соочуваат со ќерката на Боби. На Крис набрзо му станува јасно дека под шармот на Боби се крие автодеструктивна природа и како што тече ноќта и подобро се запознаваат, се борат да не се изгубат себеси.


Help, I Shrunk my teacher!

од  Sven Undervaltd JR. (Германија)

Времетраење: 90’

Синопсис
Осамено деветгодишно момче се спријателува со магично човече скриено во една комода но кога една од неговите магии тргнува наопаку, целото семејство на момчето се смалува.


Mountain miracle – an unexpected friendship

од  Tobias Wiermann (Германија, Италија)

Времетрање: 97’

Синопсис
Тринаесетгодишната Амелија е темпераментна девојка од големиот град и веројатно е најтврдоглавата во целиот Берлин. Не дозволува никој  да и’ соли памет, а најмалку нејзините родители кои решаваат да ја испратат во специјална клиника сместена во планините откако ќе доживее уште еден напад на астма. Секако,  против нејзина волја. Но, наместо да остане во клиниката решава да се скрие каде што никој нема да ја најде – на врвот на планината. Кога нејзините родители и вработените во клиниката стануваат свесни за нејзиното бегство, започнува голема потрага. Барајќи место да се скрие, Амелија се запознава со чудното момче Барт, со кое се спријателува откако ќе и’ го спаси животот. Сакајќи да и’ помогне, Барт и’ раскажува за старата традиција и лековитоста на чудесните огнови на алпските планини. Тргнувајќи во мисија да ги пронајдат огновите, децата се впуштаат во авантура на надежта и вистинското пријателство.


Master spy

од Pieter van Rijn (Холандија)

Времетрање: 74’

Синопсис
Филмот ја следи приказната на десетгодишниот Тим кој се сели во стар, крајбрежен хотел со своите родители и помалата сестричка. Тим тешко се справува со преселбата се додека не го запознае Симон, кој се буди во 1974 година и тешко се приспособува на сите промени, а како бивш шпион, се вплеткува во разрешување на стар случај. Тим решава да му помогне на Симон и тука започнуваат нивните авантури…


Girl in Flight (La Fuga)

од Sandra Vannucchi (Холандија)

Времетраење: 80’

Синопсис
Силвија, единаесетгодишно девојче од мало гратче во Тоскана се качува на воз за Рим. Кога една од патниците ја прашува зошто патува сама одговорот на Силвија е дека родителите и’ се со модерни сфаќања и ја оставаат сама да одлучува. Всушност, два месеци претходно, мајка и’ е жртва на тешка епизода на клиничка депресија, и, соочена со огромен притисок, Силвија решава да се спакува и да си замине…сама. Во возот се среќава со Емина, остроумна и бунтовна тринаесетгодишна Ромка. Кога возот пристигнува во Рим, Силвија решава да ја следи Емина, која исчезнува низ ходниците на огромната градска железничка станица.