Работилници

Home / Работилници

Работилници

„Џифони Македонија“ – „Во магијата на киното“

 

Јуниори – Кинотека

 Замисли Ти Актер“

„Сцена“ на  учесниците ќе им овозможи да го откријат својот талент будејќи им ја фантазијата и поттикнувајќи ја креативноста. Ова е театарска работилница за убавината на уметноста и театарот, за тимската работа….

Пијанофорте“

Музичкото училиште „Пијанофорте“ ја креира оваа работилниза за запознавање со разни инструменти и со тајните на создавањето и на користењето на музиката.

Работилница за танц 

Танцот кој е привлечен и забавен е дел од многу филмови, претстави, балет, а и дома танцувате кога сте весели, нели? На оваа работилница се откриваат начините на кои неговата магија ги привлекува танчарите но и публиката.

Рачни изработки

Работилница за рачна изработка на декоративни предмети популарно наречени „магнети“, на кои учесниците ќе вградуваат дел од својата имагинација.

 

Кадети, сениори Младински културен  центар(МКЦ)

Сценарио

Воведување во вештината на креативното пишување од краток текст до создавање на сценарио за краток филм. Се очекува да бидат создадени интересни сценарија со различни содржини.

ONE TAKE  ВИДЕО

Работилница на која ќе се снима забавен видео клип со разни музички теми низ целиот просторот на МКЦ во текот на фестивалот. Учесниците ќе осмислат кореографија и движења ќе снимаат и монтираат.

Едно минутен филм

Работилница на која се откриваат начините на снимање филм во траење од само една минута. Возбудливо патување во светот на реалноста и имагинацијата.

Костимографија

На оваа работилница се обработува важноста, влијанието и улогата на облеката т.е. костимот од аспект на мода, театар и филм. Улогата во формирањето на лик и карактер, дефинирањето на ликот со шминка и фризура како и создавањето на сопствен печат.

MAKE-UP  

Работилница на која ќе се научат основите на шминкањето. Како ли ќе ги разубавувате своите најблиски после работилницата?

Анимација

Работилница за техниките на анимацијата. Учесниците со едноставни апликации и својата богата имагинација ќе создадат кратки анимирани филмови.

Фотографија

Фотографијата во себе крие многу тајни, а на оваа работилница се откриваат креативните тајни на кој таа и се создава.