Band Competition

Home / Other / Band Competition

Џифони Македонија им се заблагодарува и им го честита феноменалниот настап на Џифони ден 2014 на сите бендови кои учествуваа на музичкиот натпревар на средношколски бендови. „Дијахронија“, „NOVA High School Band“, „Тhe Bycicles“, „Decibell“, „Последната генерација“, „Астероид Б 612“ и „String Road“, се надеваме дека ова се имиња кои допрва ќе ги слушаме.

Посебни честитки до победниците на натпреварот на средношколски бендови – „Астероид Б 612“, кои ќе бидат наградени со професионална студиска снимка на една песна, снимање на видео спот за истата, настап на затворањето на овогодинешното издание на фестивалот Џифони Македонија од 8-ми до 12-ти октомври, комплетна медиумска поддршка на бендот од страна на Џифони Македонија и големото изненадување – настап на овогодинешното издание на Пиволенд фестивалот во Скопје. Браво дечки и се гледаме во студио.

band image

Leave a Reply