Пријавување за Филмскиот Фестивал за млади Џифони Македонија 2014

Home / Other / Пријавување за Филмскиот Фестивал за млади Џифони Македонија 2014

10617651_10203517893961503_223671261_nЏифони Македонија е дел од рамките на најпознатиот филмски фестивал за млади Џифони Експиериенс Италија. За оваа година ви подготвивме нови филмови, многубројни работилници во кои ќе може креативно да се изразувате, дружења со познати личности од културата, филмот, уметноста и секако ширење на безброј познанства со деца од дури 10 земји од светот. Не размислувајте два пати, местата се ограничени, затоа пополнете ја оваа едноставна апликација и почуствувајте ја оваа единствена магија која владее на Џифони. Џифони не е само фестивал, Џифони е едно поинакво и неповторливо искуство кое ќе ги прошири вашите хоризонти.

2013-10-22 Marija Gjakovska 005

705134_529634110456348_460382744_o

 

Инфо само за локално жири!

Оваа година е направена мала измена по моделот на Џифони фестивалот во Италија-  секој кој ќе учествува и ќе ја пополни апликацијата треба да биде спремен да биде домаќин и на дете кое ќе биде дел од жирито од странство. Со оглед на тоа што ќе има 400 учесници од Македонија и 50тина од странство, тоа не значи дека кај секого ќе има сместено по едно дете. Селекцијата ќе се одвива по случаен избор.

 

Датите за фестивалот се од 8ми до 12ти октомври 2014 година. Жирито од другите земји ќе пристигнува на 7ми октомври, а ќе заминува на 14ти. Темата на второт издание е CROSSROADS.

Како да аплицирате:

1. Симнете го формуларот и зачувајте го на вашиот компјутер (немојте да го пополнувате пред да го зачувате прво на компјутер-ќе ви се изгубат податоците) : LOCAL-JUROR-13+16+-20143-new
2. Пополнете го и зачувајте ги податоците
3. Целосно пополнетиот формулар пратете го на следната електронска адреса: julija.zisovska@giffoni.mk заедно со една ваша слика за документи

Ве очекуваме!!!

10428172_656076471145444_7683722089802530323_o

Leave a Reply