Конкурс и пропозиции за идејно решение за постер на 2-ро издание на Џифони Македонија 2014

Home / Other / Конкурс и пропозиции за идејно решение за постер на 2-ро издание на Џифони Македонија 2014

CROSSROADS / КРСТОСНИЦИ

1 – ЦЕЛ
Џифони Македонија го распишува 1-иот конкурс за изработка на идејно решение за постер/плакат за 2-то издание на Џифони Македонија (октомври 2014)

2 – ПРИЈАВУВАЊЕ НА КОНКУРСОТ
Конкурсот е отворен за сите уметници постари од 16 години и кои се занимаваат со графички дизајн, визуелни комуникации, фотографија, ликовна уметност и сл. или за какви било други поединци/групи кои се љубители на горенаведеното.
Конкурсот е отворен за индивидуални уметници или групи. Доколку се работи за група, потребно е да се избере претставник чие име ќе биде назначено во пријавата. Организаторот ќе го контактира именуваниот претставник во случај да биде одбрано тоа идејно решение.

3 – ТЕМА
Учесниците треба визуелно да ја претставата темата на 2-то издание на Џифони Македонија: CROSSROADS / КРСТОСНИЦИ

4 – ТЕХНИЧКИ ПРОПОЗИЦИИ
Учесниците може да изберат каква било техника за остварување на своето идејно решение.
Идејното решение мора да биде претставено дигитално во различни димензии:
– Димензија 70х100cm, со 300 dpi во .psd формат со сите отворени лејери или во .ai формат; користениот фонт мора да биде вклучен;
– Димензија 60х30cm, со 100 dpi во .psd формат со сите отворени лејери или во .ai формат; користениот фонт мора да биде вклучен;
– Димензија 90х50cm, со 100 dpi во .psd формат со сите отворени лејери или во .ai формат; користениот фонт мора да биде вклучен;
Документот испратен за селекција може да биде било во .jpeg или .pdf формат (екранска резолуција 72dpi). Откако ќе се изврши изборот за најдобро идејно решение, авторот ќе треба да ги испрати оригиналните решенија со претходнонаведените димензии. Авторите истотака треба да предвидат простор за официјалните логоа на Џифони Македонија кои можат да се симнат од официјалната страница: http://giffoni.mk/?page_id=110, како и темата/мотото CROSSROADS / КРСТОСНИЦИ и бројот 2 за овогодинешното издание.

5 – УСЛОВИ ЗА УЧЕСТВО
Секој учесник има право да пријави само едно идејно решение кое мора да пристигне не подоцна од 10.04.2014 година на следнава меил адреса: elena.velickovska@giffoni.mk . Датум на објавување на конкурсот е 10.03 2014 година. Проектот мора да вклучува име, презиме, адреса на авторот (или авторите, ако е група) и контакт телефон. Сите идејни решенија кои ќе пристигнат подоцна од наведениот рок, нема да влезат во конкуренција за избор. Исто важи и за решенијата кои не ги запазуваат техничките побарувања.
Идејните решенија мора да бидат испратени заедно со документ за авторизација за репродукција/употреба на визуелни фајлови на истата меил адреса.

6 – ЖИРИ
Жирито на Конкурсот е составено од Управниот Одбор на Џифони Македонија и претставници на Филмскиот Фонд на Р.Македонија. Победникот ќе биде избран и објавен 15 дена по крајниот рок. Учесниците ќе бидат известени лично. Резултатите ќе бидат јавно објавени и на веб-страницата на Џифони Македонија.

7 – НАГРАДИ
Победникот/победниците на конкурсот за идејно решение за постер ќе добие парична награда во висина од 12.000,00 денари, рекламен материјал и награди од спонзорите. Истотака, името ќе биде истакнато на самиот постер.

8 – АВТОРСТВО И ИНТЕЛЕКТУАЛНА СОПСТВЕНОСТ
Идејното решение треба да е осмислено наменски за овој конкурс и не смее да се користи во поинакви цели. Победникот на конкурсот трајно му ги отстапува на Џифони Македонија сите права на интелектуална сопственост поврзани со Идејното решение, со што ќе биде единствен сопственик на овие права и истите се ослободени од сите барања за сопственост од трети лица. Џифони Македонија го поседува апсолутното и ексклузивно право за користење, репродукција, прилагодување и дистрибуција на идејното решение, односно за искористување на правата на интелектуална сопственост за каква и да било цел и на каков и да било начин без никакви ограничувања во простор и време согласно законските регулативи. Џифони Македонија го задржува правото да ги печати/објави и останатите идејни решенија за цели поврзани со потребите на фестивалот (пр.: изложба на пристигнатите решенија).
Победникот на конкурсот ги задржува своите морални права во врска со идејното решение и го задржува правото на признавање на авторство на истото, како и правото за објавување на информација за правото на авторство во референците кои ги претставува на неговата веб страна, во брошури, на својата фејсбук страна итн. Во секој случај победникот е должен да го извести Џифони Македонија за планираното објавување на информациите за правото на авторство.

9 – ОДГОВОРНОСТ
Учесниците мора да се изјаснат дека нивното идејно решение е оригинално. Учесниците мора да се изјаснат дека не постои трета страна која истотатака има авторски права за решението. Авторите гарантираат за авторството на користениот материјал. Секоја злоупотреба на авторски права е на лична одговорност на авторот.
Со своето учество авторите се сложуваат со условите и правилата на конкурсот.

Скопје, 10.03.2014 година

Leave a Reply