ОТВОРЕН ПОВИК ЗА МЛАДИНСКИ КРАТКИ ФИЛМОВИ

Home / Other / ОТВОРЕН ПОВИК ЗА МЛАДИНСКИ КРАТКИ ФИЛМОВИ

Филмскиот фестивал за млади Џифони Македонија објавува повик за апликации на авторски младински кратки филмови за селекција на претстојното издание на фестивалот 7-11 Октомври 2015. Сите средношколци и младинци може да аплицираат со авторски филмски дела. Селектираните филмови ќе бидат презентирани во засебна селекција за време на фестивалот.

РЕГИСТРАЦИЈА:

Испратете ги вашите основни податоци: наслов на филмот и име и презиме на членовите на филмската екипа на е-маил адресата contact@giffoni.mk. Крајниот рок за аплицирање е 10 Септември 2015 година.

КРИТЕРИУМ НА СЕЛЕКЦИЈА:

Првиот критериум во процесот на селекција на филмовите е оригиналноста на делото. Исто така, уметничките и моралните вредности на делото ќе се земат во предвид. Селекцијата ќе ја извршува организацискиот тим на фестивалот. Сите одлуки се финални.

ТЕХНИЧКИ ИНФОРМАЦИИ:

Форматот на филмовите треба да биде мр4. Прикачените линкови на Dropbox испратете ги на contact@giffoni.mk заедно со основните податоци. Доколку филмот се испраќа во тврда копија на DVD или USB, треба да се достави лично на следната адреса: Mиладин Поповиќ 4а/4

Ги очекуваме вашите пријави!

povik za film - slika

Leave a Reply